Ако нешто не’ научи ланскиот осврт на годината за Пиксел, тоа е дека последните денови на декември се веројатно и најлош тајминг за пишување на еден таков Year in Review момент.
Не дека нема што да се напише и сподели, баш напротив, туку дека во екот на сите дружби, (про)слави и подготовки за она што не’ очекува во 2020-та, некако еден таков преглед на крајот може да не го добие вниманието кое го заслужува.
А, како што ќе видиме и во остатокот од овој блог, (се трудев да бидам што пократок ?) внимание кое и тоа како го заслужува.
Заслужува од аспект на продолжување онаму каде што застанавме во декември 2018-та, кога Пиксел го доби признанието за Претприемач на годината, наменето за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата.
Признание кое само го (до)трасираше нашиот пат во 2019-та. година во која го проширивме тимот, на наше големо задоволство дел од нашето секојдневие станаа нови домашни и странски клиенти, во која не изостанаа нашите Пиксел дружбии која, нормално, ја финиширавме со нова тура Пиксел мемиња?.
Но, ај со ред.
Оваа прилика ја користиме да ги поздравиме сите нови „пиксели“ кои во 2019-та станаа дел од нашата приказна, и за кои е резервиран вториот визуелен приказ во овој блог.
Ема, Анџела, Емилија С., Емилија Р. и Теа, this is for you! … (и дури сега сконтав дека во 2019-та сме станале многу поубава агенција) …
(Coming soon фотките од Теа и Емилија Р.)
Следно е она на што девојките погоре, но и остатокот од тимот на Пиксел, работеа во годината која веќе ја испративме, во која одново имавме големи веб проекти, големи дигитални кампањи и бевме дел од некои од најголемите настани од индустријата во светски рамки, за на крај да финишираме со Digital for Entrepreneurship, настан го организиравме заедно со ЕБА(Европската бизнис асоцијација) и Град Скопје.
Во 2019-та уживавме во она што се вика IBC 2019 или THE WORLD’S MOST INFLUENTIAL MEDIA, ENTERTAINMENT & TECHNOLOGY SHOW. Гигантски повеќедневен настан и друштво со гигантите во медиумската, забавната и технолошката индустрија кое навистина беше едно уникатно искуство за паметење.
И нешто што ни е особено драго – посетата на неколку поголеми настани во САД изминатава есен, каде Димитарја имаше честа да биде говорник на DevFest во Орландои Академијата за дигитален маркетинг, која Димитар ја водеше во тандем со Владимир. Тандем кој во СОС Детско село одржа обука за Дигитален маркетинг за мали бизниси подржани од проектот на Социјална инклузија и економско зајакнување на млади.
Нашиот девелопмент тим, заедно со дизајн и акаунт тимот, во 2019-та разви „од нула“ повеќе веб проекти, со целосно осмислување од UI/UX и маркетиншки аспект и секако, уникатен дизајн и функционалности.
Такви се целосно новата веб страница на најдобриот фитнес центар во градот, Synergy Fitness & Spa, на која фокусот се стави на олеснувањето на процесот на онлајн плаќање за сите актуелни и идни членови. Функционалност која веќе во првите неколку месеци се покажа како полн погодок. За повеќе инфо тука секако е и нашата студија на случај за Synergy Fitness & Spa.
Кога сме на тема студии на случај на успешни Пиксел проекти во 2019-та, тука е и новата веб страница за Пандев ДОО, клиент за кој реализиравме целосно ребрендинг решение кое на крајот кулиминираше со нова веб страница и стратегија за претставување на компанијата на друштвените мрежисо целосно нов слоган и комуникација.
Кросовер помеѓу нашите три сектори во 2018-та беше и изработката на веб страницата за СОС Детско село, соработка која изминатава година се надогради со осмислување и спроведување во дело на кампањата „Светот на СОС суперхероите“, во која секој од вас може да стане она што на децата од СОС Детско село им е најпотребно, а тоа е суперхерој кој ќе им помогне да ги остварат нивните секојдневните желби.
Кампањата која се фокусираше на онлајн донации и која до пишувањето на овој блог, само преку посебно развиениот систем на онлајн донирање успеа да собере 139.510 денари.
Годината, во делот за веб девелопмент, ја завршивме со целосно новата веб страница за една од најстарите туристички агенции во земјата,Папилон, на која и дадовме целосно ново и освежено онлајн присуство, со низа нови функционалности со цел олеснување на крајната цел на корисникот, избор на најдобрата опција за неа/него за летување, зимување или едноставно, викенд бегство од градот.
И тековните кампањи за нашите клиенти, кои во изминатата година своето портфолија ги збогатија со нови производи, како на пример Бимилк кои целосно го освежија пакувањето на своите млека. Активност која ја проследивме со дизајн и девелопмент на целосно нов landing page и кампања на социјалните медиуми.
Во летото 2019-та можевме се’ со Охридка банка Сосиете Женерал, преку кампањата со која ги промовиравме платежните кредитни картички и сите можности кои тие ги нудат, особено во летниот период. За успешноста на кампањата „Ова лето можеш се’“, која ги покри сите дигитални канали, зборува и рекордниот број на апликации за кредитни картички.
За истиот клиент голем предизвик беше и преминот од Охридска банка Сосиете Женерал во Охридска банка, премин кој во детална координација со маркетинг тимот на ОБ помина одлично, со детално осмислена нова и освежена визуелна комуникација.
Секако, да не биде дека не сработивме нешто и за нас во 2019-та, тука се Momenti.mkи Каде за викенд ?
За таа цел би ве замолиле да ја истестирате и да ја споделите со вашите пријатели нашата нова платформа Momenti.mk, единствена платформа со која на уникатен начин, дигитално можете да ги споделите сите свои посебни моменти со вашите пријатели ?.
Сега можете да си направите специјални дигитални покани со кои ќе можете да ги поканите најблиските на вашите лични настани или пак да креирате и испратите покани за деловните настани кои ги организира вашата компанија ?
Од наши кампањи во 2019-та не можеме, а да не ја издвоиме и „Јас сум жена“, кампања со која за во месецот на жената преку селфи видеа снимени од нашите клиентки им го честитавме „8-ми Март“ на сите наши драги другарки, жени, сестри, мајки, колешки…
А се зезавме и на тема, последната сезона на Game of Thrones, со монтажи кои на крајот се покажаа и како подобри од таа, последна сезона. Исто како и објавата со „љубителот на млеко“ Тормунд.
Овој преглед на Пиксел во 2019-та го завршуваме со две видеа.
Сосема различни едно од друго, но со иста порака во позадина, а тоа е креативноста на нашиот тим да го направи најдоброто за нашите клиенти…и притоа да се забавува правејќи го тоа.